Капиталистите поседувале сѐ во светот и сите други биле нивни робови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И едните и другите биле делови од вечните поворки на платенички војски во историјата на војните.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа им призна дека секогаш ја сакала само првата жртва, сите други биле само обид за нејзино враќање.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не случајно уште тогаш пред да замине во Маказар, толку му се налути на Јане, кога овој му рече: Не си ти Симон тој човек, друг бил тој твој предок Никола Поцо, за кој ми кажуваш!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овие “апсеа и убиваа секого кого го сметаа за бугарин или како таков од други бил посочен“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Орце, Кирков, Мечев и другите биле категорички да се гине.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Еден број од нив биле ослободени до крајот на јуни 1903 година, а другите биле ослободени во април 1904 година врз основа на дадена амнестија од султанот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Други велеа дека друга била причината: неиздржливо било вршењето на брачните работи со него бидејќи имал орган неприроден, животински.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Очилата на другите биле мртви и ништо не кажувале.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Не обрнувајќи внимание на филмот кој повеќе или помалку се одвива на платното во авионот (и кој пригодно е стопиран среде една сцена на потера со специјални ефекти), се потчукнуваме со рабовите на чашите при придушената светлина на кабината и наздравуваме на Нашата Приказна До Сега, која можеби допрва почнува благодарејќи на тоа што обајцата забележавме дека нејзиниот/мојот привлечен сосед во списанието на авио-компанијата ја гледа истата илустрирана статија - „Островски засолништа”, да речеме дека се вика - и во еден забавен разговор откриваме дека обајцата во едно претходно животно поглавје еднаш сме престојувале во омиленото засолниште на оној другиот, речиси иако не баш во исто време, но заправо во ист хотелски комплекс, Кајо Олвидадо, и, освен тоа - пази сега - дека обајцата во текот на тие романтични ескапади (едниот тогашен пар бил венчан, но не на меден месец, другиот бил на меден месец, но не и венчан), нуркајќи долж коралниот гебен близу до плажата сме пронашле и земале по една страница искината, одлепена или на друг начин одвоена од некој роман во мек повез и ставена во шише како повик за помош; нејзината била сува како коска, на дното на морето, во добро затворено мало шише од рум поради необјасниви причини до пола наполнето со камчиња за да потоне, а неговата парадоксално плуташе во исто така добро затворено бардаче за вино полно со морска вода и поставено на суво место високо на коралниот гребен. Quelle coincedence! Quel симпатична средба, сега кога се сретнавме!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Улица Корделија – О, други биле тоа времиња и некоја друга земја!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За Пол таквите беа обични шрафчиња во машина – да ти се згади од такви мажи, со детскине измитарени влакна што секогаш им висат на капутине и со алиштана што им баздат на готвено.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откоа виде Силјан оти не го веруаат, почнал да му кажуат што му праел на татка си, како го поучуал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовнокот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како праел муабет првата вечер у Аџи Кљак - кљак, како му прикажуал за старецот што го отепале децата и колнал, како излегле двата извора, откоа му изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патуал од штрковата земја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Море колку за нив знајме оти се сторија од брат и сестра две пилиња - му рекле сите - туку тој век друг бил, коа шетал Господ поземи и светците, да слушале луѓето што збооруале, а пак сегашнио век поеќе ѓаолот шетат по земјава, да од тоа тебе не те веруаме да си бил штрк.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)