За десетина минути што поседав на пенџерево три пати препомина. Ами пред тоа? Можеби други три пати... А можеби и тринаесет пати!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
По многу години Дионисиј Граматик изнајде шест двогласки, после друг пет, и друг три за броевите.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Потоа, претрча преку улицата со стини гумени скокови сплескано старче; по него, како потера, пловеа еден до друг три црни чадори од кои необично брзо и несопирливо се лееше сребро.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И тоа не е сѐ. Пред коњот се ниша и четвртата судбина, господар на другите три судбини: средовечен човек со долг стап в раце.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гробот беше оштетен, поради стрмината на земјата низ која течела вода, но од другите три страни го заградуваа гранитни плочи, потпрени со камења.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И тој се пресегна, па од прстот на жената извади еден прстен и му го подаде на ибн Бајко, а другите три, без да ги разгледа, ги спика во џебот од своите бечви.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)