друг (прид.) - осумнаесет (бр.)

И еден ден кога веќе Толе толку се осмели, та дури и му порачаа на Арслана да му го остави и Витолиште како што му ги остави сите други села, Арслан се навреди и реши да испрати една потера со Расимчауш на чело, барем да го подзбрка Толета ако веќе куршум не го фаќа да го отепа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од истите оние селани што ги праќаше Толе да разберат што прави тој, тој разбираше што прави Толе во другите осумнаесет села од неговиот мудурлук.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не само пазачите мораа да одат пешки, ами и другите осумнаесет не можеа да јаваат на шесте коли, бидејќи колите беа натоварени со пљачки од пешаците, a речиси, сите беа пешаци, освен буљукбашијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)