друг (прид.) - два (бр.)

Марк му враќа други два такта од истото оро.) И да си ебам мајката. (Борис свирнува уште два такта. Марк му враќа. Пауза. На Матеј.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кон него сега се придржуваа и другите два, ја бодеа ноќта некаде далеку зад врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поради тоа, Хилми-паша наредил да се приспособи една куќа за затвор, во која требало да се префрла еден број затвореници од другите два затвора152.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)