државен (прид.) - празник (имн.)

Во големиот хол, каде некогаш можеби вежбала рецитаторската секција пред настапите за државните празници, сега имаше витрини кои личеа на музејски.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не знаеше кога и како почнал да ја љуби Македонија со сето свое битие – како и сите што ги знаеше, тој дома не чуваше знаме, немаше некое посебно чувство на државните празници, ниту пак го знаеше целиот текст на химната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За едниве се резервирани големите државни празници, а за другите исклучиво работни денови, и тоа претпладне и навечер доцна,по ноќ, кога е најсоодветно времето за состаночење по кафеани, за склучување јаки зделки!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ова беше специфичен, и повеќе или помалку доминантен жанр во кинематографијата на бившата наша татковина. Обично се даваа пред државни празници.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Луција завршила дефектологија и сега работи во Центарот за слух и говор; солидно заработува, живее сама, а Земанек ја посетува одвреме-навреме, и се разбира, со неа излегува за време на државните празници и партиските прослави, за да ја покаже својата брачна врска пред јавноста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Шестое: не се работат неделите и државните празници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5. Паузи, одмори и отсуства а) беше утврдено дека работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа (сметано од крајот на едниот, до почетокот на следниот работен ден) (чл. 26 од ЗИДЗРО/фев.13); 29 В. погоре – исто како кај образложението во референца бр. 18 34 б) материјата која го регулира годишниот одмор претрпе две измени, и двете на штета по правата на работниците: ● со измената на чл. 139, кој го регулира правото на работникот кој прв пат заснова работен однос на цел годишен одмор, се воведе дополнителен услов и тоа тој да работел непрекинато најмалку шест месеци кај ист работодавач, без разлика дали се работи за полно или пократко работно време од полното (чл. 27 од ЗИДЗРО/фев.13). ● екслплицитната одредба која нормираше дека работникот има право на обештетување за неискористениот годишен одмор, без разлика по кој основ му престанал работниот однос, се замени со формулацијата дека работникот може да бара обештетување, но само ако тој претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја (чл. 7 од ЗИДЗРО/ јан.12), што de facto е значително понеповолна ситуација за работниците; в) воведена беше обврска за работодавачите за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го известат подрачниот државен инспектор на трудот (чл. 28 од ЗИДЗРО/фев.13); г) во сферата на мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство, покрај дотогашните постоечки случаи, се додаде и мирувањето во случаите на здравствените работници и здравствените соработници, вработени во здравствени установи, упатени во хуманитарни или мировни операции во медицински тимови надвор од територијата на Република Македонија и на воените обврзници од резервниот состав на Армијата на Република Македонија - активен резервен персонал, aнгажирани во единиците на Армијата на Република Македонија заради учество во мировни операции надвор од територијата на Република Македонија согласно со закон, а чие упатување, односно ангажирање бара привремено да престанат да работат кај работодавачот во траење до 8 месеци, им мирува работниот однос за време додека трае нивното упатување, односно ангажирање и имаат право во рок од 15 дена по престанокот на упатувањето, односно ангажирањето да се вратат кај работодавачот за вршење на работи кои одговараат на нивниот степен на стручна подготовка (чл. 1 од ЗИДЗРО/апр.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ете, ѝ беа мил спомен. Се знаеше, ги облекуваше само за државните празници и тогаш, о боже, одеше малку поинаку одошто обично.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Претходно оваа материја беше регулирана со Законот за државни празници на Социјалистичка Република Македонија и Законот за празници на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Косата се уште ти е долга и ти пак се обидуваш да се искачиш на катарката на младоста и да ја оптегнеш како пиратско знаме оти во новово време се поретко се истакнуваат знамиња и на државните празници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Првин, катаден го носеше закачен на градите, а потем само на државните празници и кога ќе дојдеше некој во градот од повисокото раководство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)