Силното ангажирање на солунскиот валија да ја спречи толпата да го земе законот во свои раце, според тоа, не било инспирирано од некаква хуманост, туку од повисоки државни интереси.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа не е вистина!..
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И така Бугарите во новиот слободен живот се јавија како народ без традиции, народни идеали, свест за народните и државните интереси и историско наследство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Владата честопати ги затајува своите цели заради највисоките државни интереси, кои често се несфатливи за мнозинството.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Важно ги истераа одвратните Струшки поетски вечери минати во ждерење, локање и патетично рецитирање подгреано што со алкохол што со помпезноста на „вишите државни интереси” - што Струга е.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Значи, државните интереси на Србија никојпат не ќе допуштат да се образува бугарска Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)