државен (прид.) - безбедност (имн.)

И овој рецепционер, со широка, извештачена насмев­ка и неприродна љубезност, подоцна дознав дека бил пол­ков­ник од службата за државна безбедност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Јас, вистина, сум секретар на КОЕМ, вели, но не знаев дека требало да бидам и секретар на државната безбедност...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На 13 мај 1942 година, овој весник известува за одржаниот судски процес во Скопје, од 27 април до 9 мај 1942 година, на кој им се судело на 45-те припадници на Првиот скопски партизански одред.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така на пример, најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“, на 9 мај 1942 година известува за извршениот атентат во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Професионална гордост. „Ниедна влада нема да дозволи нивните цајканчиња да имаат СИПИ, дури ни тие од државната безбедност.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Изземајќи го случајот на еден медиски ексцес кога јавното обвинување за наводна соработка со Службата за државна безбедност на бивша Југославија на најпримитивен начин беше искористено во тековните политички пресметки, изгледа дека кај нас тој проблем воопшто не постои.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како такви, тие играат бројни функции: разликување, регулација, поврзување; тие се социјални простори кои произведуваат односи на моќ; служат како основа за економска нееднаквост и исклученост, како и размена; тие се и структури и симболи на државната безбедност и суверенитет; тие се ентитети кои создаваат и пренесуваат значење, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тие ја овозможуваат опозицијата меѓу ние и тие, го создаваат нашиот свет, нашиот суверен простор и нашиот идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но сепак, ќе треба да се создаде специјална мрежа на служби за да ги огради оние што ги пцујат од грубите акции на оние кои пцујат и воопшто, пцовката да остане на зборови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вие секако, сфаќате дека за кадрови од оваа мрежа ќе послужат бившите работници на органите на државна безбедност и новите студенти на нејзините школи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа, бившите луѓе на службите за државна безбедност ќе следат ништо и во никој случај да не остане неискажано.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За социјално опасно ќе се смета она, за што луѓето не ќе сакаат да се зборува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)