дрвен (прид.) - предмет (имн.)

По неговата површина се нишкаа дрвените предмети од куќата, садови, делови од постелите и сето она што водата истргала од куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За таа работа попот Матлија го замоли копаничарот Арилко, прочуен мајстор за изработка на дрвени предмети и фигури, кој неколку години работел по манастирите во Света Гора.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Особено силни беа молбите за време на работните часови, кога докторите работеа заедно со нас – ткаеја, или плетеа, или изработуваа дрвени предмети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напола свртен тој здогледа мал дрвен предмет во песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)