Меѓувремено одеше до ноќвите, отвораше во сирникот, во долапот, паурчето со ракијата го остави на софрето, тавчето со дрвената лажица полна само го остави на перустијата во огништето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Котлето го остави во мијалката отспротива, од мисурникот извади дрвени лажици, им даде на секого по една в рака.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Знам дека бате Николче во раката држеше една дрвена лажица, од оние со кои јадевме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Како и секогаш, пред секоја неизвесност (така му се пристори на постариот од двочленскиот совет), воздухот се згуснувашеи, лепливо тежок, можеше да се срка со дрвена лажица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
АНА: (влегува и носи земјена паница и дрвени лажици и ги остава на софрата).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Не треба, - рече, - седнете да јадеме, оти јас веќе не можам да чекам, - па за да докаже дека не може да чека ја зеде дрвената лажица и почна да срка од млекото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Околу каленицата шест дрвени лажици.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Оди сега соблечи се, - ѝ рече и продолжи да меша нешто со дрвена лажица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тоа брденце се потеше, заклучи Ема. Затоа сјаеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)