дрвен (прид.) - врата (имн.)

Неговото име сега се запиша врз портата од северната страна, џамијата што народот сега ја викаше „шарена”, по негова наредба доби уште многу разнобојни плочки дури и на турбето, па и голема дрвена врата на западната страна, целата искитена со источнички шари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Претпазливо ѕирна низ сивиот плот потоа ја отвори дрвената врата и ме повлече во дворот, во густ босилек и во некое жолто ситно цвеќе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На полјанката имаше една куќа од камен, со дрвена врата и прозорчиња мали како пушкарници.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Среде мостот, во сарајот имаше голема дрвена врата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)