Вечерам. Ме надгледува Џинот дотеран во насмевката На медузата Мадона од топлите мориња.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И тоа, замисли си, дотеран во генералска униформа, и, како што се изрази самиот, со посебни овластувања.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Беше така успокоен и убав, дотеран во костумот што си го купи во САД, бела кошула, убава вратоврска и нови чевли…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прв се огласи на ѕвоното на капијата, удирајќи со метална рака врз металниот круг, верскиот поглавар Афз Б., убаво дотеран во сино-сивата мантија и убавата чалма.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во втора година гимназија „Р. Ј. Корчагин“, како мало буце, дотерана во јакна од „Сторм“, со кошулче карирано и фармерчиња, во патики што сама си ги купи од платата заработена кај мене во дуќан продавајќи за време на летниот одмор, на пладне, заедно со неколку другарчиња поминуваше на пешачкиот премин кај „Олимписки“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)