досегашен (прид.) - негов (прид.)

Ги свитка слушалките, ги стави во чантата и продолжи: „Досегашново негово противставување на болеста може да се спореди со онаа билка што израснува меѓу шини и која постојано живее во страв од возовите што татнат над неа и од ветрот плашејќи се да не ја прекршат или откорнат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На сите платна на Сликарот се забележуваше нешто ново, несвојствено за досегашниот негов ликовен израз.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)