Со тоа, ерменскиот систем на писмо значително се разликува и од коптското, и од готското писмо од гледна точка на нивната паралела со појдовниот грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со истиот стремеж се објаснува и фактот на распределбата на дополнителните графеми помеѓу симболите на основниот дел на системот, пренесен од грчкиот систем на писмо, а со што се нарушува редоследот и настанува нов, суштествено различен систем на прикажување на бројните вредности.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На овој начин се создава надворешно оригинално писмо, кое навидум е независно од надворешните врски и влијанија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Треба, исто така, да се рече дека дополнителните графеми во ерменскиот систем на писмо не се сместени веднаш по грчкиот основен дел, туку се расфрлани во неговите рамки по некој редослед, кој е одбран од страна на создавачот Месроп Маштоц.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)