домаќин (прид.) - мој (прид.)

И кога пак пред Митровден се врати домаќинот мој, и кога пак го пречекав со очи згаснати, а црната шамија ветерот ми ја разврза, па ми ја здогледа косата со срма прошарена, ми рече: - Не е до тебе, Ѕвездо моја, предвреме згасната... по многу години ми го кажа името моминско - невеста Петреица според името негово - обезимена - се смраморив.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Мајко, зошто си задумана? - Ете, ќерко, го гледам домаќинот мој...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Леле, жештини фатиле! А јас тешка - претешка... мислата сè ми бега накај домаќинот мој, ама како да му пратам абер?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Дали насон или на јаве од грлото стегнато заизлегува молбен крик: - Богородице, Пресветла Мајчице помогни ми домаќинот мој со чедото да го зарадувам!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Не, домаќине мој. И добитчево е изморено како и ние.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе се врати од печалба домаќинот мој, и ќе остане колку во мене семето да за ’рти. И пак ќе си замине...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И кога фативме со домаќинот мој, дедо ти Петре, да ви се радуваме - ете што ни било пишано! Поморија... Си останавме сами двете...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Гледај, мајко, со прстиве сум ги корнела камењата, длапка да му подготвам, постела за домаќинот мој - ама до него не сум легнала... зашто морав и покров - камен врз камен да му награмадам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)