домашен (прид.) - производство (имн.)

Во тој ритуал главна улога имаше една педесет грамска чашка со лозова ракија од домашното производство на дедо ми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Компирите се домашно производство на дедо Ивана, кој ја садеше секоја година со нив својата пространа бавча, - тие се еден вид основен продукт на народното стопанство на неговото подрачје.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За да ја прекинам таа неделотворна занесеност, занесеност што не произведуваше никаква жизнена мисла и никаква реченица што би била запишана како дел од мојата повест, станав и ги ставив во една чинија двете крилца што останаа од пилето кое го купив од домашното производство на Чанета од дуќанот кај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)