домашен (прид.) - животно (имн.)

На Татко му преостануваше да трага по најкарактеристичните заемки од областа на географијата, временските појави, додека Камилски покажа расположение да ги изнесе најкарактеристичните заемки од областа на градот: архитектурата и урбанизмот, јавните и приватни згради, внатрешното уредување на куќата, трговијата и занаетите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски предложи тој да трага по заемките на фауната во балканските јазици: дивите и домашни животни, птиците, рибите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ЛИОТ- диво животно, месојад што ги напаѓа домашните животни.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако сакаш домашно животно, грижи се за него, никаквец низаеден, повторуваше во себе авторот сѐ полут и полут.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многу си ги припитомил, ќе му велам, ко домашни животни си ги запатил, не се делат од тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие закони првенствено се однесувале на домашните животни како стоката, и требало доста време пред домашните галеничиња, како кучињата и мачките, да бидат признаени за лична сопственост со тоа да стекнат правна заштита.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Лакан се бави со таа разлика во својот семинар за идентификацијата, кадешто неговиот аргумент е дека не живее само субјектот во јазикот, туку и домашните животни; само што нивниот однос кон јазикот е раз­личен!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За домашните животни е битно да живеат во јазикот, бидејќи не можеме да речеме дека кучињата, на пример, на ист начин се однесуваат и во природата и дома.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во градовите домашните животни не смеат да шетаат на улица, и тоа треба да се знае и да се почитува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не можете ниту да си претставите само од бучавата колку ќе се растревожи спокојот на коријата - и сè што тука живее: луѓето, домашните животинки и ѕверушинки“, загрижено зборуваше директорот Миле.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па козата, и покрај сите добрини што им ги нудеше на луѓето, особено на сиро­ма­сите, спасувајќи ги од глад, болести, смрт, за многумина остана и најпотценуваното домашно животно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но козите ти се некакви „јаничари” во редот на домашните животни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога одевме на свадби дури во куќата влегувавме со домашните животни, беа тимарени и добро дресирани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
б). Во фосилите на дрвјата на домашните животни патниците и птиците тагата и времето заедно таложени
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)