И прв, пред Лазора Перуноски и пред главите на сојовите имотски, зачекорува по сокакот заграден, од долна страна, со чифлигот Јаузоски, а од горна со куќата и авлијата Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На југ, пак, истиот овој пат, тргнувајќи од почетокот на населбата во Потковицата и одејќи, од долна страна, помеѓу авлиите на Ризевци, Шутевци, Мицковци, Димковци и гумното на Дамчевци Џаџовци и, од горна, помеѓу авлиите на Вељановци, Бубичовци и Дамчевци Џаџовци, стигнува среде населбата и тука, за миг, се проширува во облик на разностран правоаголник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Крвави Водици, си мисли Максим Акиноски застанат пред Мала врата Јанческа и трудејќи се со еден опул да го опфати цело срецелото, сосе чифлизите и дуќаните од долна страна и сосе полето таму во далечината зад дуќаните и чифлизите, и небото, тоа над Потковицата и тоа по Пазарџиски Пат и сè до прилепските планини и над нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И облаците ја имаат бојата на огнот кога се осветлени од долната страна. Сонцето гори.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Не помина многу и на патчето од долната страна се покажа човек на коњ, ситен како некоја бубалка, лазеше можеби една минута по патот и заедно со него се изгуби во шумата над чистинката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чана ја седна својата голема и стројна снага во брлогот под недобро затнатиот прозорец и од долната страна на разапнатата куверта влегува чиста бела светлина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Меѓутоа, во мене стои еден ветровит ден на одминување, односно го гледам задниот дел од дворот на Економското училиште во кој сѐ уште е присутна силната светлина на денот, само што сонцето е од другата страна на зградата, сигурно педа две врз врвот на Водно, и од долната страна на кај бараката доаѓаат моите две сестри Лена и Јана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Има право, од долната страна на кувертата влегува силна бела светлина, дури може да е и од сонцето кое сигурно удира на оваа страна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Да, тука е, само треба да се излезе од тука и од ва долната страна, од кај реката, од задната страна на ѕидот, таму има направено две удајки!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Месечината е раздробена на илјадници малечки огледалца врз сребрените фаши што излегуваат од долната страна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)