долен (прид.) - пат (имн.)

Тргна, по долниот пат. На влезот на планината, студот го шибаше со снежни шлаканици, а тој пак опирајќи му се со подзамижување, навлегуваше сѐ подлабоко.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако оди по горниот пат, ќе стигне во Тирана, а ако оди по долниот пат, по рамно – така му рекоа тие од селото Шкумбин – ќе стигне во Дуреси, а таму како што знае нека се распраша каде имаат сместено многу деца.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Старчето во доверба му шепна дека прво да помине по Либражд и да се држи покрај патот, а ако најде камион, може да оди и со камион, а кога ќе стигне до еден голем град што се вика Елбасан да не го фати горниот, ами долниот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)