Часов е како создаден за една таква прошетка; целата Потковица, од сртовите на ридовите, прудолу по падините и во бавчите е раззеленета и како полеана со златото на залезот, воларите веќе се враќаат во населбата, а стадата се симнаа на долните падини на ридиштата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Општината и училиштето ќе бидат овдека изградени, на долните падини на Горник и од горна страна на срецелото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зошто само општина и училиште а не и црква во одобрението не пишуваше, но и потковичаните многу, многу не се допрашува; си рекоа Сега општината и училиште, вгодина и црква и се дадоа да ги превезуваат камењата од Камен на долните падини на Горник, над срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)