Ја избриша со рака, а потоа направи неколку движења со долната вилица, захрчи и во дланката исплука два заба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така ли е, Исусе?“ Сега на обајцата им висеа долните вилици.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На прозорецот висеше долната вилица на месечината. Се смееше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Другиот се насмеа. Долната вилица ниско му падна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Французинот се расправаше со главата од јагнето; дел по дел ја разглобуваше: ги отчали првин долните вилици и ги изеде кревките меса на нив, потоа јазикот, па очите, па отворајќи го черепот, го измолкна мозокот со прст, го изеде, па почна да чепка по мевцата околу образите и вратот; ковчињата ги редеше пред себе на купче; погледнуваше одвреме-навреме во учителот и продолжуваше дел по дел да ја рзглобува главата како искусен хирурх.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Забележав, исто така, дека еден заб десно напред на долната вилица му паднал, а другиот до него беше половинка, црн и шуплосан.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Спијат таму под ниското небо фабрички сирени и мируваат на градилиштата кранови со железни заби и тешки долни вилици на пеликан.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Долната вилица никаде им ја нема.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Држејќи му ја долната вилица со левата рака му ја искривил главата и му го побарал гркланот со врвот на ножот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Долната вилица му се тресела пред тоа, ја слушале ѕвечавата приказна на здравите катници и веќе без збор на надеж, рисјанско сочувство на утеха, па макар и лажна, бегале од лепливоста на неговото грлено штукање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И Онисифор Мечкојад му помогнал на замелушеното животно докрај да легне на една страна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се обидов подлабоко да дишам, но не можев.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ја помириса кожата и потоа ја испружи долната вилица со долгите, тенки заби, а влакната од брадата ме допреа по прстот и малку се наежив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)