Му дадоа нови долни алишта и чист комплет униформа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Под униформата, неговото тело беше обвиткано со нечисти жолтеникави крпи, одвај распознатливи како остатоци од некогашните долни алишта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па и разликите меѓу самите папоци: помеѓу оние коишто човек некогаш одамна возбудено ги бакнал во знак на запознавање и од кои сега мора нежно да се прости со бакнеж и оние во чијшто само помалку-повеќе невин изглед човекот уживал, во живо или на фотографии, на плажи или филмски екрани или на средните страници на „Плејбој” или во новинските реклами за долни алишта - не заборавајќи ги, во категоријата „еј, здраво”, милите папоци на своите деца, сеедно дали тие (папоците) се свртени навнатре или нанадвор, пред децата да го достигнат она доба на протест поради родителското папкољубие.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не е така, ќе речете: зукини ја протегнува категоријата на овошни плодови во насока на метафора, како во „плодови на тлото” и, согласно со тоа, до плодови на море, плодови на знаење, долни алишта „Плод на разбој”, итн. - што не е проблем за овој простувач, кој цел живот уживал во облекувањето и соблекувањето на гаќичките, и боксерки и џокејки, со и без шлиц, и во помагање на своите љубовни партнерки во облекувањето и соблекувањето на нивните: мљац, драгите прекрасни деликатеси!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст, со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Главното е, докторката е млада.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сакаше Петјушка прав во очи да ѝ фрли - божем, ако однадвор костимот не е нешто особено, но затоа, ве молам, долните алишта се чист памук.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Да те чува Господ! - се прекрсти болничарот. 206 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но младичот не наседна на крстењето, туку скокна само во долни алишта и извика: - Побегна! Јапонецот побегна!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Зарем не ми веруваш? Немаш доверба во мене? Зарем не... зар не ме сакаш?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
“Но Бреда, реков допирајќи ја за да ја смирам и патем милувајќи ги нејзините меки, со пластика пресвлечени гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бев човек со умерени навики и со добро здравје, ги менував долните алишта и чорапите секојдневно - некогаш и два пати дневно - и работев во канцеларија со чисти, јасни, недвосмислени бројки, управувајќи со еден ланец од продавници за чевли на мојот татко (и тој самиот умре чист, од срцев удар, во седумдесет и петата година).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)