Бидејќи работодавачот во законскиот предвиден рок доброволно не постапи по донесената пресуда, задолженијата во истата беа присилно спроведени, со помош на извршител (Ж.Пријевиќ). 232 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во своите анализи тие сосема јасно му ставиле до знаење на политичкиот естаблишмент дека "поддршката на југословенските партизани можеше да ни ја даде најдобрата воена полза".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во поглед на британскиот став за народноослободителните движења на балканските народи, експертите на Министерството за надворешни работи на Велика Британија во својата рекапитулација на британската политика кон нив ќе нагласат дека во периодот кога се појавиле овие движења, пред сè НОД во Југославија и движењето на отпорот во Грција предводено од ЕАМ, тие како Министерство постојано укажувале и барале да се обрнува посебно внимание на "нашите краткорочни и долгорочни интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од случајот на работникот Лозановски може да согледаме како една стриктно централизирана политика во одредена компанија, која се јавува како основач на помало друштво,4 а за кое не покажува некој сериозен долгорочен интерес, може да делува на штета по работните места на голем број работници – кои совесно и најодговорно си ја извршуваат работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)