Во исто време започнува и Кејџовото сѐ поголемо интересирање за источната филозофија во која на почетокот го привлекуваа “еротиката и мирот, двете во индиската традиција постојано присутни чувства”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За балетскиот ансамбл на Марс Канингем, со кого во почетокот на 40-те започна долгогодишна соработка, Кејџ ги создаде Имагинативен пејсаж бр.2 (1942) и Имагинативен пејсаж бр.3 (1942) во кои го продолжи испитувањето на некои можности на електроакустичната музика “во живо”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во почетокот на четириесеттите години настануваат Кејџовите важни познанства со уметниците - Марсел Дишан, Марс Канингем, Вирџил Томсон, Ласло Мохоли- Наѓ, Макс Ернст, Пит Мондријан, Андре Бретон кои подоцна се прошируваа и според Кејџовото признание опфаќаа влијание од неговите учители, пијанистот Ричард Булиг и композиторот Хенри Кауел, Адолф Вајс и Арнолд Шенберг, потоа композиторите и уметниците, неговите современици и истомисленици, Лу Харисон, Алан Хоуханс, Мортон Фелдман, Ерл Браун, Кристијан Волф, Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, скулпторот Роберт Липолд, зен-учителот Д. Т. Сузуки, ботаничарот Гиј Г. Неринг, својот татко, пронаоѓачот Џон Милтон Кејџ, интелектуалците и мислителите Норман О. Браун, Маршал МекЛуан и Бакминстер Фулер, па сѐ до оние кои ги познаваше преку нивните дела - Ерик Сати, Антон Веберн и Едгар Варезе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кејџовото влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус, долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар, се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и еластичноста на неговите обиди.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)