долгогодишен (прид.) - сон (имн.)

Со посебно внимание во американската јавност ќе биде примена статијата на Георги Пирински, под наслов "За слободна Македонија", напишана на англиски јазик, а објавена во гласилото на Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, во август 1945 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На крајот Меморандумот завршува со надеж дека Владата на САД, "заедно со Владите на нашите големи сојузници - Советскиот Сојуз и Велика Британија, ќе ја увидат вистинската цел на македонскиот народ и ќе му помогнат да го оствари долгогодишниот сон за слободна и обединета Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Самата одлука за судбината на Македонија била донесена на советувањето на нацистичкиот врв од 27 март 1941 година, кога било потенцирано дека германските сојузници што ќе учествуваат и ќе го поддржат нападот на Кралството Југославија да можат да добијат извесни територии од Југославија, а посебно било истакнато дека Бугарија може да ја добие Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека со германскиот напад на Кралството Југославија на Бугарија ѝ се дало можност да ги оствари својот долгогодишен сон и да излезе од долгогодишната „мора“ Македонија да стане дел од бугарската држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По влегувањето на Македонија во Федеративна Југославија како рамоправна членка, Г.Пирински и членовите на Македонско-американскиот сојуз верувале, а и односите по војната меѓу Југославија и Бугарија им влевале надеж, во остварувањето на македонскиот долгогодишен сон - обединувањето на Македонците од сите три дела на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, како што Георги Пирински ја запознавал американската јавност, на патот на обединувањето "покомплицирано" стоело "прашањето за Грчка Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)