долг (прид.) - дрвен (прид.)

На сцената се покажа: долга дрвена маса, околу која беа наседнале седум осум селани, еден граѓанец и едно младо попче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во чаршијата Шабтај има мало метларско дуќанче што се шири кон влезот, а се стеснува во длабочината до единствениот ќош, во кој ја држат сламата за изработка на метли и долгите дрвени рачки што ги купуваа од дрводелците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Легна зимата над Рајчани. Мештаните јадеа сушени овошки, сушен зеленчук на летното македонско сонце на долги дрвени даски.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Над патот треба да има голем број долги дрвени бараки... - Нема бараки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)