долг (прид.) - ходник (имн.)

Апстрактни поими, голи како алгебра, тесно сведени на црно гомно или на неколку јајца кои стареат... 24 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Прирачникот ги проширува искуствата, водејќи ве по долгиот ходник на чиј крај се отвора врата... врата која се отвора само во Тишина...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои поглавја (Хасановата соба, на пр.) предизвикуваа констернација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одеше низ долгиот ходник на Министерството и веќе беше стигнал речиси до местото на кое Џулија му ја беше тутнала пораката в рака, кога стана свесен дека некој, многу покрупен, чекори веднаш зад него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми беше досадно да седам цело време па постојано излегував во долгиот ходник од вагонот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледав по долгиот ходник додека твојата количка не исчезна во стаклената врата на Салата за операции.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога ќе влезеш на влезната врата, веднаш пред тебе е долг ходник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Крик на ѕвер или на темна гора е овој неподнослив молк што нѐ враќа во пенливиот мирис на животот минат во долг ходник за чекање со горчлива сол што ни тече низ мислата низ вените низ изметот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Осип Мандељштам Се гледам со очите на ѕверот Затворен во својата ќелија Во својата богата пустелија И ја меморирам сета верност Што си ја искажував кон себе Чекорејќи низ долгите ходници Низ вените со сѐ уште топла крв.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Чекориме речиси рамо до рамо со спроводникот кого за прв пат го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Утрината, како и сите други денови продолжувавме право а потоа се качувавме на погориот кат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кај првата железна врата скршнуваме в лево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сега, забележувам, веќе се наоѓаме при крајот на долгиот ходник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сочувствително му ја префрли раката преку рамо и како да го придржува, го испрати до вратата каде што му се поклони на семејството на Сандра кое тргна по долгиот ходник натаму кон скалите што водеа надолу кон излезот во кој бликаше сончевината на денот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така беше и последниот пат кога излегувавме од долгиот ходник со кој беше поврзана кујната со дворот, кога откај портата слушнавме јасно мекање што влегува во нашата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наиде на спомнатите скали со мрежеста ограда, се качи по нив, а потоа низ долгиот ходник тргна кон канцеларијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Долгите ходници на подземниот мравкин град ечеа од возбудени извици.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)