„Сонот би можеле да го одредиме како краткотрајно лудило, а лудилото како долг сон.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дине, онака сув, коскест, повисок од другите, црн како црниот ден, како црната кал долу, ја врти главата лево десно чиниш сега сосема си доаѓа на себе, како да се разбудува од некој долг сон што никако да го напушти па не знае дали ова е нешто ново во неговиот живот или оваа слика е стара и сега само му се повторува!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Артур Шопенхауер: Светот како воља и претстава. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Поткрепен од долгиот сон и од неодоливата желба да се нареди меѓу крушевските востаници и да заземе место на позициите, Цепенко тргна кон Горскиот штаб.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)