По тесното патче се клатеше и ги наближуваше позициите Цепенко, опашан со долга сабја и со кременка пушка преку рамо, што му ги подари војводата Питу.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)