долг (прид.) - рака (имн.)

Тоа место му го определи учителот, зашто Коле е највисок меѓу нас: со јадри рамења и долги раце што при одење му се мавтаат отстрана како поткршени ветки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Иле Вегов - Брчалото со разбирање виде што се случува, тој повторно ја крена својата долга рака и разлатно рече: "Сори...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сите видоа како вишлестиот човек со жолта кошула ја крена својата десна долга рака како некој војсководец и ја фрли право пред себе, покажувајќи му го патот на шоферот, по што белиот откриен автомобил замина право низ селото нагоре каде што им се изгуби во облакот прав од пред очите на вчудовидените селани. Луѓето занемеа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Карамба-Барамба пак се преврте преку глава.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кога големата месечина, насмеана како секогаш, доплови над селото, отидов кришум на една нива и ја нацртав на земја сенката таква каква мислев дека била - со долги нозе и долги раце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Долгите раце ги држеше во џебовите и се потпираше на багремово стебло загледан во ретко посеаните капки по темното небесно кадифе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не одеше веќе за да ги прерипа куќите; нозете му се влечеа по калта, долгите раце млако му висеа дури до коленици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Долгите раце му се пуштени низ телото, колениците опнати како затегнат лак. Чинам: се готви да ме прескокне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа дете навистина имаше долги раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Темното си го носи своето. Кино гледачите што Господ ги надарил со долги раце и со исто такви прсти, никако не трошеле лични пари за зрнестите задоволства.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со долгите раце можел да биде и крадец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скокнал и споулавено се вртел околу себе, истовремено трчајќи во круг и мавтајќи со долгите раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби само тој знаел дека дел од облеката му е натопена со газија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Крстен е, повторил и Онисифор Проказник. - Ние никогаш не сме ги палеле мртвите. Изделкајте крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И едниот и другиот Онисифор темно гледале, обајцата имале долги раце и арамиски тврди чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со долгите раце го зграпчив здолништето и парче ми остана во рацете а таа, се стркала со крвави коленици по земјата и лажна насмевка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Многумина градоначалници имаат долги раце и заради тоа, со време си ја губат должноста; многумина се одликуваат со особен okno.mk 127 развиток на другите делови на телото или со грда нивна краткост, затоа тие изгледаат смешни или грди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сочувувањето на телесната пропорција, исто така не е последна работа, затоа што хармонијата е првиот закон на природата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Заиде, папсан, речиси влечкајќи ги по себе своите празни раце, своите долги раце, а тие во бараките сега изнаскокаа и се сместија по своите легла, некој дури почна и да крчи, како во сон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад него долга рака со калливи прсти ја зафаќа одронетата земја и ја влечка назад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крчмарот не беше слаб. Имаше долги раце и дебел врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со надеж погледнав во неговите долги раце, а тој, иако не гледаше во мене, ме разбра.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За таа глава сосем се соответни долгите раце, само не и кривите, претерано куси нозе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Власта има долги раце. Ќе ги подаде и веќе ќе те зграпчи за гуша. Навистина, суд. Ништо друго.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги подава незимерно долгите раце и не се чуди што низ неговите прсти исктекуваат безбојни и потоа портокалови млазови за да израснат под него во самите себе но сега кунатките се долги и безбојни а птиците имаат портокалови глави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Емплфорт, премногу голем за да може удобно да седи на тесната клупа, се вртеше час на една, час на друга страна, прекрстувајќи ги своите долги раце час околу едното колено, час околу другото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од една трибина обвиткана со црвено платно, говорник од Внатрешната партија - мал, тенок човек со несразмерно долги раце и со голем ќелав череп врз кој беа преостанале само уште неколку праменчиња коса, ја загреваше масата народ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Така сега гледам: предмет, страотно остар, речиси опасен во својата прецизност, кој го дофаќам со својата долга рака.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мене ми стана жал зашто немаше никакви шанси кај Саше којшто едноставно, со долгите раце, ја држеше на метар - оддалеченост од себе, па скокнав да ѝ помогнам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)