Искачи се на врв- себе и повлечи се
во подножјето има плодни почви
јаболка кои мирисаат на магдонос и нане
поради долгиот престој во ист сад
зборови кои се припикнуваат во пазувите
-мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни-
глетки кои трчаат по тебе како верни загари
времиња кои те опоменуваат
обѕрни се, објави се
но не застанувај
што погоре, толку подоле
она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)