долг (прид.) - патека (имн.)

На долги патеки, и когнитивната психологија и AI зависат од ова поставено функционално „каузално раздвојување” помеѓу пониските имплементациски (биолошки) нивоа на дескрипција и на когнитивните или психолошките нивоа на дескрипција (слично на односот помеѓу генетиката и хемијата која е во нејзината основа).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што може тука да направи една обична коала Воспитана во духот на здраво сонување на долги патеки Освен да грицне малку еукалиптус Уште еднаш самата да се препраша
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во склоп на изложбата, усмерувачките сили требаа сериозно да ја означат крајната точка на една долга патека, која беше сведок на конверзијата на Бојсовите цртежи од главно лични и мислени гестови до еден екстравагантен јавен перформанс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Војната е начин да се разнесат на парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се потопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу комфор и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тие веќе како договорени се упатија кон долгата патека покрај паркот под Тумбекафе низ кое пролетта тукушто ги беше расцутела јоргованите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
1. Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се бегало) Наместо прв плач Каков што си имаат сите новороденчиња Јас да си имам прв сон И првиот сон да ми биде вековит Како што е вековито Моето племе на сонувачи Во чиишто пештери и колиби Пред толку и толку илјади години Е зачнато сонувањето И за чиишто прапрапрадедовци Научно е докажано дека биле Првите сонувачи на долги патеки Во историјата на чистото сонување Оти од чисти извори и чисти мисли Само чисти сонови течеле Чисти сонови врз чисти постели Чисти постели од кои се скока Директно во јавето Макар што за нас коалите Велат дека не сме толку темперметни И некои особени скокачи И дека нашите скокови биле обратни Од јавето во сонот И уште велат Дека мал и редуциран ни бил мозокот (Мал мал ама технички дотеран) А ако сте малку од малку дикатлии На интернет сами ќе видите Дека живееме осумнаесет години Значи петнаесет преспиваме А останатото време грицкаме еукалиптус Сигурно сте чуле дека во јазикот на Абориџините Коалата всушност значи – не пие И љубезно ве молам не ни приредувајте никакви стресови Ние навистина сме многу чувствителни И кога сме под стрес плачеме како деца А тоа потем се одразува врз квалитетот на нашите соништа.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Врз една темна табла близу до работ на платформата можеше да се забележи, во препознатлив Бојсов ракопис, една сентенца која ја сумира пораката која тој се обидуваше неуморно да ја изрази во неговата подоцнежна работа: „Единствено уметноста е способна да ги оневозможи репресивните ефекти на еден сенилен социјален систем кој продолжува да се тетерави по линијата на смртта”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)