долг (прид.) - ноќ (имн.)

Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Совршени се тие неколку секунди пауза по незадолжителните разговори кога крадешкум ќе се погледнеме и ќе го почувствуваме мирисот на самото постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, во неподносливите долги ноќи за да можам да направам само чекор го барав погледот во едни, сега веќе далечни очи кои некогаш беа совршен почеток на љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во долгите ноќи до мене допираше звукот на оргулите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Војничките долги ноќи му даваа потребна самотија за стотици пати се осуди и исто толку пати да се стави на клада заради нештата што не успеа да ги согледа со трезвен ум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со кусите денови и долгите ноќи, зимите и така знаат да бидат предолги, а за мене оваа зима стануваше триж подолга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Траеше неколку ноќи. Го држеше оној голем човек, а тој ги држеше нив, неколку долги ноќи, полни месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
28. ГЛЕДАШ ОРЕВ, СКРШИ ГО, А ОНО ТАМУ ПРАЗНО МЕСТО - исушена внатрина гледаш како долга ноќ без зора, ниту црвот, што е црв, не би сакал за свој престол да има орев така шуплив, макар бил со тврда кора...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Градот за кој толку многу слушав од неа и од вујко ми Вангел во долгите ноќи во Лисиче, додека ние бевме мали и палави деца...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Одејќи зад баба Петра Ѕвезда се приспомнува за сказните што баба ѝ ги кажуваше во зимските квечерини и долги ноќи до огништето. За зверушинките коишто меѓу себе се пазат и почитуваат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Почекај, ќе те фатиме и ќе ги врзуваме опинците и објалата со твои жили.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да можеа да се доберат до него во таа долга ноќ, ќе го дереа и ќе му ги корнеа ноктите, ќе го наденуваа на зашилено јасеново стебло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во хрониките што се чуваат во библиотеката на неговата синагога, во долгите ноќи откако беше поставен за нејзин рабин, Елеазар бен Цви читаше дека по завршетокот на Првата светска војна во 1918 година, двата балкански града им припаѓаат на две различни држави: Салоник на Грција, а Битола на новата држава Југославија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во кусите неделни денови го посетуваше гробот на дедото Костадин, палеше свеќи на него, водеше нем дијалог со сестра си Добра и со Чана, ама никако да се натера во долгите ноќи да напише писмо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И во долгата ноќ што ќе уследи потоа Гладните да имаат побогат и полесен сон.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во една долга ноќ во голема тишина се симнавме во Демир Капија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)