Не знаеше ништо за стаклото и порцеланот, за слоновата коска, седефот и металите кои молчеа околу неа, кратко и тивко отповикувајќи се само на допирот на нејзините долги нокти кои секогаш ги престигнуваат прстите, осамени, недопрени од работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
(Дека има долги нокти, а и кој прави уште?) „Маж ти многу голем човек е (дека сум го видела), ама многу е лут кога е нервозен (а кој не е?)“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- А Паљо и Андон? Што ќе бидат тие? праша Васко гребејќи ја со долгите нокти разбушавената коса.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Баждар шумно си ја чешаше брадата со долгите нокти.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Младичот е екстремно феминизиран и е облечен во црно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Косата му е обоена во портокалово, дискретно нашминканите очи ги красат вештачки трепки, а долгите нокти му се светло зелени.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
-Чекај, полека. Ти си во право, но јас ќе морам уште многу да зборувам за тоа – рече старецот, притискајќи му ги рамениците, со своите суви раце, обраснати со долги нокти, буткајќи го кон тревата. –Седни, отпушти се.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со долгите нокти се закачи за ногавицата на Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)