Ме гледаше неколку долги минути, ме анализираше, очигледно, а јас не покажував никаква реакција.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Раѓањето на Снежанка беше еден силен повод за затрчување во тој свет на непознатото и таинственото, па Бојан, и покрај желбата да биде попрактичен, долги минути остана покрај овцата и јагнето, поставувајќи си во мислите стотици прашања на кои не им го знаеше одговорот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Неколку долги минути тој само пушеше загледан во далечината.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Веќе не правеше крукчиња, а меѓу нив и околу нив сега имаше само густа магла од чад.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)