долг (прид.) - коса (имн.)

Па ангелот ја облета тивко, ја помилува по црната долга коса, кришум, без таа да забележи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можете ли да ја извикате? Се возбуди човекот со долгата коса.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да...спушти глава...гривата од долга коса... и отиде во заборав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел: го презре својот убав лик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Бугарската младеж овде ги употребува сите свои сили и средства да се покаже напредничава, т.е. социјалистичка: долги и бесмислени говори, долги коси и убаво исчешлана брада, црвена или сина руска кошула и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога се искачив за година-две погоре во осмогодишното образование, ветрот што ја будеше мојата љубовно-музичка пролет, доаѓаше од електричните гласови на момчињата што имаа долги коси со боја на старо злато, тесни панталони - ѕвонарки, цветни кошули со пеперутка јака и чевли со платформа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првобитното пелтечење беше проследено со порој комплименти на сметка на Рада, која со ниеден гест не се спротивставуваше; не се бранеше ни кога накратко прстите им беа сплетени, ниту кога неговата рака помина низ нејзините долги коси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На пладне, како фурија со долга коса, се втурнува во дневната соба, гладна и уморена, ама не легнува да одмори, туку менува маица и пак низ врата, мојата ангеларија, со која можам да комуницирам само ако ја оставам на раат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Младиот човек, со долга коса и брадичка, со лик на испосник, се лечеше на истиот кат, во истата болница, а во белешките на татко му го нашол моето име.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Писарот се здебели и пушти страшно долга коса, четка и по боја и по острина; лимарот, со еден збор, се исчука; Генералстап стана знаменитост, нешто како значаен музеј, со својата секојдневна упорност да чекори само на една нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бојана својата долга коса ја собра под зелената капа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Имал многу долга коса.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А кога ветрот ќе ја разнишаше долгата коса на палмата, фикусот ги разигруваше длабоките корени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А кога ја расчешлуваше, докторе Ференц, а кога ја расчешлуваше, како тељови, црни, ама блескаа во првичниот зрак на сонцето, како црна свила таа нејзина долга коса и се распостелуваше по рамената, по плеќите дури до витата половина и и ги покриваше колковите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Навистина е млад, зад долгата коса и мустаќите му го возвраќа погледот, и тоа прилично луцидно, еден недораснат момчак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- You are great piano player – Л.А. не крие дека му е пријатно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
(Собата. Борис спие облечен на софата. Пауза. Се открива вратата од собата, централно. Излегува Американецот, брада, долга коса, поминува покрај Борис.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Веќе не е модерна долга коса. МАТЕЈ: Кога беше не носев.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Имав квалитетна и многу долга коса која ја бојадисував со кна која и даваше сјај и боја на махагонија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Оваа со долгата коса најмногу ми се допаѓа, - ми шепна Саше, покажувајќи на Снеже.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Главите им се покриени со долги коси и завиткани во бради.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со средно долга коса со некаква кружна капа, не, не беше тоа капа, тоа беше ореол.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)