долг (прид.) - колона (имн.)

- Уплав го фати кога пред него помина долгата колона со ранети носени на носилки, а зад нив се влечат лесно ранетите со окрвавени завои на главите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој се сврте. На педесетина метри поминува долга колона.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Покрај неа врви долгата колона осакатеници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Генералот смирено ја прими наредбата за повлекување, меѓутоа, вчудовидено и со уплав ги гледа долгите колони ранети по камионите полни со убиени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чекор в чекор, нога зад нога, виулесто пругоре се движи во мракот долгата колона.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Низ улицата бавно минуваше долга колона камиони, со стражари со безизразни лица, вооружени со автомати и исправени во секој агол.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм беше извадил една лента хартија на која беше испишана долга колона зборови и сега ги проучуваше со хемиско пенкало во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако изврвеа долгите колони и се разместија над селото и над манастирот кон границата, еден офицер го повика кметот, му се претстави дека е командант на единиците и му кажа дека се зајакнува границата, бидејќи Албанија се подготвува да ја заземе зоната.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тук там по некој човек што се врти по долгата колона, дечиња од пред влезовите истрчуваа на кај колоната, молчејќи да ја следат, за на крајот, кога Геле ќе стигне пред една недоправена куќа со две црни дупки наместо влезови а со исто такви црнини на првиот и вториот кат, да прераснат во цела сурија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бевме многу, многу деца. Кога свртев глава за да видам колку е долга колоната видов како на ритчето, скраја од џалето, се собираа жени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одевме, се сопнувавме, паѓавме, станувавме и влечевме чекор во долгата колона...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во долга колона одевме кон не знам каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стигнавме до долга колона луѓе, кои чекореа колку што можеа побргу, колку што им дозволуваа торбите кои ги носеа со себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некои од нив трчаа нивните деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)