Од двете нејзини страни, поставени долги клупи од талпи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги дочека да го испијат кафето, ги собра филџаните и излезе, а Даме му нареди на Ѓорѓија да постави еден од десетарите на вратата и никого да не пушта во одајата без негово одобрение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од десната страна на масата на која седевме со мојот адвокат, на долга клупа, поставена дијагонално, ги зазедоа своите места неколкумина сведоци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Облечени, обуени, со пушките в раце и сакмите на рамена, изнаседнаа по долгите клупи во Коштревата одаја сите два триесет војводи и раководители, а стрина Цвета Колевица веќе влезе со кафето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во собата во која ме внесоа имаше една самоделска маса прекриена со плетен шамак и две долги клупи од страните на кои седеа петмина мажи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)