Прво излезе тој, во долг капут како војнички шинел, па „канаринците“, стуткани и веќе испотени од премногу природна волна врз себе, како јагниња, и на крајот таа, како градска госпоѓа со кадрава фризура и во астраганската бунда.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Може ли тукутака да се дозволи една голема, една славна народна балерина, еден таков артист или поет во долги капутчиња шиени од тенки, излитени ќебенца, лошо скроени, а уште полошо вапцани во лисје од костени.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)