Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Обично, во секој шпионски филм има многу елементи на насилство, а ние сето тоа го избегнавме.” •Како дојдовте до идеја да го снимите оној долг кадар со камерата во движење за славната љубовна сцена на балконот? •Хичкок: „Чувствував дека љубовниците мора да останат во прегратка, дека ние мораме да им се придружиме.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)