Врз мракот падна уште една ноќ и в тој цвет темен затворено сѐ е под јазикот на молкот немее Сал ти си буден од бдеење болен но песната ја нема и ја нема во несоницата на тие долги дни Ја нема таа месечина јасна под тие клепки седело да свие молчењето да ти го осветли И така кроце часовите венат како што вене виење на волк и липтежот на ветрот како вене
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Потоа три ужасно долги дена воопшто не се појави.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во вакви мисли ѝ минуваа сега тешките и долги денови.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа што се случи, тие тешки зборови, тие болни долги денови е товар што мораме да го носиме и да го преживуваме во сегашноста, во моментите кога сакаме да пронајдеме среќа и да научиме да живееме најдобро што можеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И низ сета таа виулица од луѓе, погледи, разговори, чувства, емоции, постои пукнатина каде се слива целиот тој хаос и останува душата ослободена од гревовите, а сетилата го чекаат новото раѓање за да го вдишат животот со целата своја енергија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се двоуми како да ја разбуди а да не се разбуди намуртена па уште и да стане на лева нога - тогаш сиот ден би бил пекол, малку што е пекол и времето, со долгите денови под усвитеното сонце и топлите ноќи без здив на ветре.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Единствено чистачот на чевли на Plaza de Armas знае дека секој тажен ден е бескрајно долг и не се занесува со сјајот на новата епоха отшто во секоја епоха имало и ќе има чистачи на чевли и бескрајно долги денови на тага и на недоветен занес.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мансардата тонеше во морињата од ветришта во долгите денови без сонце и ја зачкрипуваше секоја своја коска, ги растресуваше старите правливи напласти од своите греди, подвиените столбови и дрвената граѓа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)