Капсула, трпелив човек, ги плетка долгите веѓи во тежок јазол, се мурти: - Ти си, дедо, без пушка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кај една друга што одеше, беше мелескиња: од татко - Грк, од мајка - Арапка: убава беше, стројна, со бакарно-жолта боја на лицето, со големи црни очи, со долги веѓи; личеше на фараонка; така и се држеше: кога ќе седнеше во количката за да ја турка нејзината помошничка, бидејќи имаше една нога дрвена, ја исправаше главата со косата собрана одзади како гривна на ждребица и гордо гледаше напред.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)