Госпоѓа Мариела веќе две години волонтираше во Друштвото „Осамени срца”, работејќи на докторската теза „Ресоцијализација на осамениот човек во наши услови”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Испраќањето на докторската теза на сестра ми имаше за непредвидлива последица да дознаам дека е секогаш присутна крај вас што ме исполнува со особено задоволство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)