Ти веруваше дека си видел еден непогрешлив доказен материјал кој потврдува дека нивните признанија биле лажни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа синкопирано чувство за пренесување на мислата, таа бесконечна потрага по суштината во суштината на самиот збор која до совршенство беше изнијансирана и искомпонирана во поемата „ТОЈ“, како доказен материјал од претходните песни се појави како амбис пред поетовото создавање.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Во 1987 Nature објави еден есеј во кој двајца физичари се жалеа на растечкиот јавен скептицизам во однос на науката.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Физичарите го обвинуваа овој подмолен тренд на четворицата философи кои ги нападнаа традиционалните поими на научна вистина и прогрес: Карл Р. Попер, кој изјави дека теориите никогаш не можат да се докажат туку само да се фалсификуваат; Имре Лакатош, кој тврдеше дека научниците го игнорираат доказниот материјал за фалсификувањето; Томас С. Кун, кој се залага за тоа дека науката е попрво политички отколку рационален процес; и Пол К. Фаерабенд.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ја пружи само раката и од долапот го извади доказниот материјал.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Фразата „компајлирање во интерен код” е само себеисполнувачка фантазија, бидејќи доказниот материјал, ако не е арбитрарно исклучен од игра, покажува дека меморизирањето на кодови и правила и изведувањето на со правила регулирана манипулација со симболи, едноставно не се доволни да ги дадат овие мистериозни ефекти, иако тие се доволни да дадат совршено исправно имплементирање. (А ефектите мора да бидат навистина мистериозни за да се справат со роботичкиот предизвик (deixis) за делување врз светот ( како со прашањето за левиот xеб на панталоните); на крај, Тјуринговиот тест (ТТ) е само симболи-во/симболи вон процедура, со оглед на тоа што штотуку привиканата „деиктичка” моќ би имала потреба од симболичко втемелување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
10. Биди пристрасен читател. Служи се со прочитаното како со доказен материјал.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Од објавените судски материјали (објавен е само дел: резиме од судската постапка и пресудата - тоа што им конвенирало на властите) се гледа дека јавниот претрес не бил никакво претрес туку едноставно јавно читање на доказниот материјал и изрекување на пресудата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се отишло направо од тајното судење, поточно - од прибирањето на доказниот материјал - на јавно изрекување на пресудата, без да им се даде никаква можност на обвинетите на јавниот „процес“ да се бранат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тие се и единствениот доказен материјал.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Знам дека читањето на југословенски весници го земаат како антисоветизам, т.е. како доказен материјал за покренување на обвинение, но јас не знам да лажам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)