Винстон стигна на Плоштадот Победа пред договореното време.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во договореното време дојде кај Рада и не сакаше да губи ниту минутка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Поминаа пет минути по договореното време, а девојката сѐ уште ја немаше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со парична казна од 100.000 до 200.000 МКД ќе се казни за прекршок работодавач – правно лице, ако на работник кој работи со скратено работно време му наложи да работи преку договореното време (чл. 264, ст.1, ал. 12 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овој работник, кој работи со скратено работно време, има право на плаќање за работата според стварните работни обврски, како и други права и обврски од работниот од- нос, исто како и работникот кој работи полно работно време – ако со овој закон поинаку не е определено (чл. 122, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)