И едната и другата имаа нозе коишто под стаклото изгледаа како ружини стебленца, а оние на куклата на добрата светлина изгледаа толку проѕирно што се чинеше дека се гледаат нервите што се спојуваат и како раширена пукнатина се пружаат спрема краевите на секоја канџичка. 116 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)