Палигоров добро знаеше дека Сокол Мечевски е во многу добри односи со Водачот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа ќе бара од нас во воспоставување добри односи кон сите народности што ја населуваат Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На тоа прашање јас одговорив кога зборував погоре за борбата со пропагандите и за поставување на нашиот народ во добри односи спрема сите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Добрите односи помеѓу Грците и нас Македонците /Словените/ пак повеќе зависат од првите отколку од нас.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од друга страна, некои од нив изгледаше како да се во добри односи со чуварите, им се обраќаа со прекари и се обидуваа да добијат некоја цигара низ шпионката на вратата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Впрочем, Никола се сметал за ктитор, та бил сигурен дека ќе биде закопан до олтарот, каде што неколку години пред тоа бил закопан еден член од семејството Поцо, свештеникот Горѓија, “Георгиа Иереј“, кој бил во добри односи со Никола и кој свештеникувал кусо време, бидејќи се разболел и рано умрел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Значи“, објасни Пере, „ти и жена ти Агна божем не сте биле во добри односи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ако, сепак, се прашувам јас, овој стариов со трпениево нема да го надживее младиот, кого секогаш можеш да го сретнеш повторно потаму во животот, како во песната „Остала си увек иста“, па остани во добри односи со него кога ќе се разидете и можеш да го имаш во резерва, тукуречи златна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Прилагодувајќи се кон новонастанатите политички реалности соработувал со Србија, а исто така воспоставил и добри односи со Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И, наводно, ги сметале за опасни, бидејќи со нивните акции во Солун ја загрозувале најмногу од било што друго личната безбедност на ЦК. * Ако се исклучи ЦК, револуционерите што му припаѓале на Гемиџискиот кружок одржувале добри односи со Организацијата и одделно со нејзиниот најавторитетен член - Гоце Делчев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сега, меѓутоа, главно поради нетактичноста и неспособноста на Иван Гарванов да воспостави добри односи со гемиџиите и да се обиде на некаков начин да ги придобие и да ги убеди во неопходната потреба да водат сметка за пошироките интереси на револуционерното движење, односите меѓу гемиџиите и ЦК станале лоши, дури и непријателски.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Значи не се во добри односи ни со новата снаа?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во постари времиња и градската населба, како и засебно поставеното еврејско гето, се наоѓала зад ѕидините на венетската тврдина распослана на ридот, но со тек на времето, градот, како и секој жив организам, едностано ги премавнал високите камени огради и се источил кон морскиот брег. Во главата му се појавува сликата на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Имавте ли добри односи со него?“ „Да, добри.“ „На која основа?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И покрај добрите односи на христијаните и јудејците коишто впрочем со векови живееа заедно на островот, ѕидините остануваа како наследство што потсетува на едно некогаш јасно и цврсто подвојување.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Тој ми даде поддршка во време на мојот втор преизбор за главен рабин и тоа кога советот на еврејската заедница ја повлекуваше својата...“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Млад припадник на екстремната десница на 5 ноември 1995 година за време на една мировна манифестација го убива во Тел Авив премиерот Ицак Рабин.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Шимон Перез кој одржувал добри односи со Арафат го наследува Ицак Рабин.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А замислете, станува збор за државен подарок. Сеќавање на моите добри односи со врхушката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со веста за крајот на добрите односи помеѓу Тито и Сталин, се ближеше времето на крајот на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Отсекогаш беа во добри односи со рисјанското население.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)