добар (прид.) - однесување (имн.)

Од совршеноста и од површноста, од спомениците и од нивните сенки, од успешните и од веќе видените, од нормите за добро однесување.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Порано беше понизен како човек што од мал е научен на гордост и понизноста ја сфаќа само како добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вечерта навистина кадијата му донесе по една кутија локум на секое; ги навечера убаво; им наместија удобни легла во две-три одаи и продолжија со добрите однесувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беа се кренале со полна чеза подароци што ќе ги разделат на присутните, од ќајата на Ајдинци - оној вид понизност што го отсликуваше наученото добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)