Приспособувајќи се на него, на гласот, Мусли бег лека полека сфати дека зборувањето се однесува на орлите, и воопшто на штавувањето и напрегнувајќи се да открие кој е тој што зборува стутулен понастрана од другите, е ли некој од неговите раетини или е туѓ, си помисли дека тоа може да биде добар изговор да се намами Арслан бег да не ги тера христијаните да му даваат сол па разврза за некој соколар што постапувал така, со сол што ги штавувал убиените птици, тоа било и поевтино и посигурно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Иако имаше добар изговор да дојде тука, на секој чекор беше прогонуван од стравот дека некој од црноуниформираните стражари ненадејно ќе се појави од зад аголот, ќе му ги побара документите и ќе му нареди да го снема.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)