Првин Татко и Камилски се нурнаа во длабока потрага по турцизмите и османизмите во јазиците кои им беа блиски: Камилски во мајчиниот македонски јазик, во блиските словенски јазици, како српскохрватскиот, но и западните јазици кои ги познаваше: во прв ред италијанскиот и францускиот, но имаше познавања и од ароманскиот, додека Татко во албанскиот турскиот мајчин јазик, источните јазици, францускиот, италијанскиот, делумно германскиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)