длабок (прид.) - ноќ (имн.)

И така во длабоката ноќ, која беше вистински само нивна, на Климент Камилски и на Татко, чудесната рапсодија на тишината на книгите, која ја нарушуваше говорот на двајцата балкански книгољупци, тишината на книгите со оживеани значења, со искри проблесна светлина во темнината на балканската ноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше длабока ноќ. Ханка испи уште неколку голтки ракија и го засолна шишето меѓу креветот и ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
II. Беше длабока ноќ, кога волците почнаа така да вијат под нивниот прозорец, што сите тројца уште веднаш заборавија дека пред малку спиеле.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Елеазар бен Цви ги гледа тие слики на уште една жртва на предците, ги гризе сувите усни и ниша со главата опфатен со ужас додека во затемнетиот коридор на авионот се слуша длабоко дишење на патниците, а над Атлантикот владее длабока ноќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
IV Мајка ми ретко, многу ретко, влегуваше во работната соба на татко ми во длабоките ноќи кога тој размислуваше над отворените книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше длабока ноќ. Градот одамна беше во сон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова мислење во ноќта, толку длабока ноќ... Којзнае дали немаше да се загубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толку е едноставен патот. Без плоштад, без Бурглос. Тука ние, таму Елса Пијаџо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повторно надвладеа тишината. Се чинеше дека, во длабоката ноќ, Мајка и Татко и самите станале сал тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)